05 Декември, 2025
0.0337

ГТЦ ќе добие футуристички изглед!

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2012 09:14

Добивај вести на Viber

Фасадата на Градскиот трговски центар во Скопје, најверојатно нема да биде во неокласицистички стил. На околните барокни објекти ГТЦ ќе им парира со футуристичка фасада. Во текот на вчерашниот ден беше отворено единственото идејно решение кое пристигнало по објавнеиот конкурс. Архитектонското решение за фасадно обликување и надградба на ГТЦ, чии автори засега се држат во тајност, предвидува  фасадата на трговскиот центар да содржи футуристички елементи, поточно целиот објект да биде застаклен, со челична конструкција и затворен по принципот на мол-систем, но да има има и отворени делови. Од друга страна во однос на доградбата, според ова архитектонско решение, предвидено е трговскиот да се надогради со уште еден спрат на кој би имало деловни простории, хотелско сместување и спа- центри и игротеки. Идејата за надградувањето на трговскиот центар е стара десетина година, и пред се се прави  поради прокиснување на покривот, кој е рамен, а од друга страна и заради зголемување на атрактивноста и посетеноста. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски вели дека во следните седум дена тричелната жири комисија треба да го разгледа проектот и да одлучи дали дефинитивно ќе го прифати. Доколку архитектонското решение биде одобрено, можно е со истите автори да се склучи и договор за изработка на основниот проект. Засега сеуште не може со прецизност да се каже кога би почнала реконструкцијата и кој ќе биде се изведувач, тоа ќе биде познато по една недела, кога комисијата ќе донесе конечна одлука. Инаку јавниот конкурс за промена на надворешниот изглед на Градскиот трговски центар беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ донесен од општината Центар. Тогаш директорот Абазовски во дел од медиумите изјави дека преферира надворешниот дел на трговскиот да биде од стакло. Но во периодот кога се објави конкурсот, имаше инфомрации дека и фасадата на овој објект ќе биде по теркот на останатите кои се во склоп на Скопје 2014, односно во неокласицистички стил. На ваквите информации реагираа архтиектите кои  дури беа револтирани што воопшто ќе се менува ликот на еден ваков култен објект за скопајни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“