ГУБЕЊЕТО НА МИРИСОТ И ВКУСОТ Е РЕТКО: Британскиот сој на коронавирусот има поинакви симптоми
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Февруари, 2021
Мутациите на коронавирусот имаат поразлични симптоми. Научници тврдат дека британскиот сој на коронавирусот има поинакви симптоми.
Ова го покажува студијата на Националното статистичко биро на Британија. Во истражувањето проучени се податоци од 6.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирусот. Губењето на мирисот и вкусот е поретка појава кај заразата со ткн. B.1.1.7 варијанта. Кашлицата, заморот, болките во мускулите, болките во грлото во оваа верзија се почести. Нема разлика во главоболките, недостатокот на воздух, дијареата и повраќањето. Мутациите, односно промената во генетскиот материјал на вирусот, се вообичаени појави. Со некои од нив вирусот си наштетува сам на себе, а други може да му дадат предност како во случајот со британскиот сој, кој полесно се шири. Британскиот сој е раширен во повеќе од 70 држави во светот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.