Ѓукановиќ: Црна Гора смета дека ќе влезе во НАТО кон средината на 2017 година
Објавено во: Балкан 17 Март, 2016
Властите на Црна Гора сметаат дека земјата ќе стане полноправна членка на НАТО уште во средината на 2017 година, изјави во интервју за ТВ каналот "Дожд" премиерот на републиката Мило Ѓукановиќ.
"Ние можеме реално да очекуваме дека кон средината на 2017 година Црна Гора ќе стане полноправна членка на НАТО", рече тој.
"По добивањето на покана од НАТО започна нова фаза - преговори за влез, кои се водат успешно. Очекувам дека тие ќе завршат по месец и половина, а потоа ќе започне постапка за ратификација на членството на Црна Гора во парламентите на земјите-членки на Алијансата ", додаде Ѓукановиќ.
Одлуката за покана на Црна Гора во НАТО беше донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки во декември минатата година.
Преговорите можат да продолжат две и пол години, а потоа одлуката за прифаќање на Црна Гора треба да биде изгласана од сите 28 земји членки на НАТО.
Одлуката на земјата да стане член на Северноатлантскиот сојуз не е насочена против руските интереси, изјави премиерот Ѓукановиќ.
"Ние сметаме дека имаме право сами да го дефинираме својот пат во иднина. И тоа не е измислено или насочено против кого и да било, и не е насочено против руските интереси", рече тој.
Тој посочи дека не е изненаден од негативната оценка на Русија по повод оваа одлука.
"Ниу очекувавме Русија да искаже незадоволство во врска со намерата на Црна Гора да влезе во НАТО. Но ќе биде крајно искрен - таков степен на незадоволство исклучително не воодушевува", додаде тој. Претходно претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва ја повикува Подгорица да одржи референдум за прашањето за членството на земјата во НАТО, но нема да влијае врз властите на Црна Гора.