06 Мај, 2024
0.0243

Гувернере, падот на извозот воопшто не е невин настан

Објавено во: Економија, Колумни 12 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

И гувернерот се јави. Излезе на два медиуми да објасни дека монетарната состојба ја држи под контрола, а тоа што извозот во првите четири месеци  регистрира пад, за тоа не  била виновна македонската економијата, туку американските и европските монетарни власти, со тектонското поместување на вредностите на нивните валути.  За лаиците можеби ова е и доволно аргументирано објаснување, но за познавачите на економијата претставува лаичко, во случајов и манипулативно, се разбира, доколку се има во предвид фактот дека гувернерот доволно добро го познава влијанието на меѓународните економски односи врз националната економија. Податоците велат дека во првите три месеци од годинава во однос на истиот период од минатата година обемот на вкупната стоковна размена со странство беше помал за 11,8%. Притоа, извозот се намали  за 8,1%, а увозот за 14,3%. Поголемиот пад во април само ги влоши параметрите. Падот на обемот на вкупната размема во првите четири месеци од годинава изнесува 13,1%. Извозот е помал за 11,4%, а увозот за  14,2%.   Покриеноста на увозот со извоз, по континуираниот пораст со активирањето на странските капацитети, се срози од 79,4% во јануари на 58% во април, а просекот за четирите месеци  изнесува 67,6%. Во овој контекст загрижувачки е растот на  физичкиот обем на индустриското производство во истиот период-само 2%., додека просекот во претходната година изнесуваше 4,8%. Гувернерот призна дека податоците се точни, но незнам зошто се обиде да го релативизира фактот дека резултатот е таков поради  депрецијацијата на еврото во однос на доларот. Тој објасни дека податоците од државниот завод за статистика се водат во долари и поради тоа крајниот ефект бил неповолен, но доколку тие бројки биле презентирани во евра падот не би бил толкав колку што покажуваат податоците за извозот изразени во евра. За повеќето гледачи на емисијата во која гуевренрот ги елаборираше аргументите тоа беше доволно за да се успокојат дека не е ништо страшно, што, впрочем, и очигледно му беше намерата. Математички гувернерот е во право  затоа што кога ќе се направи конверзија на доларските износи во евра нема голем пад на извозот, но економијата не е математика. Според гувенерските објаснувања  и годинава  извезуваме ако не повеќе барем колку лани или само нешто помалку.  И тука е во право , но само низ призмата на простото разбирање на бројките. Среќа за него што не елаборираше повеќе, па не кажа дека и покрај падот на извозот изразен во долари ништо не се менува во размената на земјата со странство. Сигурно знае дека тоа не е точно, но очигледно свесно пропушти да каже дека падот на извозот не е невин настан како што сакаше да го претстави. При секоја депрецијацијата на еврото односно на денарот, а со оглед на фактот дека  вредноста на денарот е врзана за еврото со фиксен курс, за заработка на еден долар македонската економија ќе треба да  извезе  повеќе стоки и услуги, токму за степенот на депрецијацијата. Истото важи и за  обемот на увезени доларски стоки и услуги. И во тој случај ќе треба да платиме толкав износ на денари во евра колку што изнесува степенот на депресијација на едната во однос на другата валута. Ваквата промена на вредноста на валутите секако нема да  остане без влијание врз економските текови во земјата. Точно е дека главнината од извозот на нашата економија е  насочен кон земјите од еврозоната (78% во првото тримесечие од годинава), меѓутоа, увозните потреби се задоволуваат само во обем од околу 63% од тие пазари. Тоа значи дека за да обезбедат добар дел од увозот ќе мора да   конвертираат евра до долари (по депресиран курс), т.е. да се обезбедат поголем износ на евра за иста количина на долари.  За да нема никакви промени Македонија ќе  треба да го зголеми извозот во евра за степенот на депрецијацијата на еврото во однос на доларот, што во случајот не е сторено, а во билансот на плаќање секако дека се регистрира негативно. Во овој контекст ништо не објаснува забелешката дека падот на извозот е номинален и се должи на апрецијацијата на доларот во однос на денарот. Особено е неодржлива констатацијата, дека реално размената е повисока. Па дури и да е така, а не е, тоа не е за фалење. Тоа значи дека извезуваме се‘ повеќе стоки и услуги за помалку долари или за ист износ евра, но со кои можат да се купат помалку долари. Ќе признаете дека мораме да бидеме многу повнимателни кога толкуваме извозни текови, затоа што за мала економија како нашата воопшто не небитно колкав е приливот и одливот на девизи  од    извозот и увозот на стоки и услуги, па макар како што вели гувернерот врз истиот влијаела промената на вредноста на светските во однос на домашната валута. Се разбира, ако се нема намера да се манипулира.  А таа се насетува во фактот што немаше слични коментари на високите стапки на извозните текови во изминатите години кога вредноста на еврото растеше во однос на доларот. Тогаш високите извозни стапки се третираа како успех на економијата, иако за нив придонесуваше  апрецијацијата на еврото во однос на доларот. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот