Гувернерот на Сахалин уапсен во Москва за поткуп од 5,6 милиони долари
Објавено во: Свет 05 Март, 2015 13:03
Гувернерот на рускиот остров Сахалин - Александар Хорошавин, беше уапсен вчера во Москва под сомнение за примање поткуп во износ од 5,6 милиони долари, соопштија агенциите.
Апсењето беше извршено неколку часа откако истражниот комитет на Русија, во извештај даден директно од претседателот Владимир Путин, изјави дека при претрес на куќите, вклучувајќи и една во Москва, биле откриени големи парични суми, накит, скапи часовници и телефони.
Московски суд нареди Хорошавин да биде задржан во притвор до 27 април.
„Самиот факт дека е поднесена тужба против толку висок раководител ја потврдува решеноста на државата да се бори против корупцијата“, стои во соопштението на истражниот комитет.
За десет дена се очекува да биде покренато официјално обвинение против гувернерот.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




