15 Октомври, 2024
0.0265

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, преку својот Фејсбук профил му реплицираше на актуелниот министер за финансии, Фатмир Бесими на тема енергетика. 

Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

xxx

И таа поддршка ќе ја плаќаат граѓаните, не Владата - напиша Хајредини. 


Темата за енергијата, особено цената на струјата деновиве е актуелна, по најавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, дека можно е зголемување на цената на струјата од дури 13 проценти, ако се прифатат барањата на енергетските компании. 

Министерот Бесими синоќа во телевизиско гостување посочи дека Владата ќе продолжи да ја поддржува ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните. 

- Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ - рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

- Сметам дека е добро што во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата. Сметам дека во сметките за оваа година треба да стои и европското знаме, бидејќи од Европската Унија како грант ни се доделени 84 милиони евра за справување со енергетската криза - укажа минстерот. 

Можеби ќе ве интересира

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака

СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ - Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ - Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

„ИМА ПЛАТА, СО ЗДРАВЈЕ ДА ЈА ТРОШИТЕ“: Директорот на „Национални шуми“ се пофали дека пуштиле плата на вработените за септември

„ИМА ПЛАТА, СО ЗДРАВЈЕ ДА ЈА ТРОШИТЕ“: Директорот на „Национални шуми“ се пофали дека пуштиле плата на вработените за септември

Продолжен викенд секоја недела, повеќето луѓе го сонуваат - во Хрватска станува реалност

Продолжен викенд секоја недела, повеќето луѓе го сонуваат - во Хрватска станува реалност

МОЖНО Е ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИ: шефот на „Стелантис“ предупредува на напредувањето на конкуренцијата

МОЖНО Е ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИ: шефот на „Стелантис“ предупредува на напредувањето на конкуренцијата

ЕВЕ ШТО ЗАПЛЕНИЛА ЦАРИНАТА: Помеѓу запленетите работи има лекови, злато и облека

ЕВЕ ШТО ЗАПЛЕНИЛА ЦАРИНАТА: Помеѓу запленетите работи има лекови, злато и облека

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?