Добивај вести на Viber
Хактан е ОНТОЛОГИЈАТА на Организацијата и не можете така лесно да го компромитирате бе, плукачи.
Ова денеска на Фејсбук го сподели пратеникот и професор Димитар Апасиев, кој ја пренесе објавата на неговиот сопартиец Реџеп Исмаил, поврзана со обвинувањата дека има големо богатство.
Исмаил објави дека е мета на портали и разни мегафони во обид да го нарушат неговиот јавен углед и кредибилитет.
- На највалкан можен начин, со напади под појас - со клеветење на мојата сопруга, која, патем, ниту е член на партија, ниту е носител на било каква јавна, партиска или пак друга политичка функција.
Би сакал да појаснам две работи поврзани со обвинувањата:
1. Ниту јас, ниту мојата сопруга не сме сопственици на приватни фирми. Мојата сопруга работи за меѓународна фирма, со претставништво во Македонија, каде е само вработена, никогаш не била, ниту е сопственик, ниту пак правен застапник.
Изворот на првичното недоразбирање е електронската платформа на ДКСК, која оваа година за прв пат беше воведена за електронско поднесување на анкетни листови, и која е несмасна и покажува погрешни податоци. Имено, покрај тоа што уредно имав внесено дека мојата сопруга е ВРАБОТЕНА во приватна компанија, приказот на ДКСК покажуваше сопственост. Реагирав на грешката кога истата ја приметив, и беше потребно долго време за таа да биде поправена, иако уште веднаш ДКСК констатираа дека станува збор за „техничка грешка“ а уште подолго за да го добијам писмениот допис за исправката (во прилог на овој пост).
Во меѓувреме, уредник на една национална телевизија, малициозно настроен кон Претседателот на политичката партија чиј член и Потпретседател сум јас, се обидел да го експлоатира овој случај во обид да ме оцрни мене а преку тоа и партијата. Видел дека во Централен Регистар нема податоци за сопственост, па се обратил до ДКСК, каде му потврдиле дека станува збор за „техничка грешка“ на нивниот електронски систем. Така, Уредникот се откажа од објава на неговата ТВ, но очигледно не се откажал од намерата по секоја цена да нанесе штета, па така нашол корисни будали кои преку своите ФБ профили шират малициозни, тенденциозни и дегутантни објави.
2. Второто обвинување се однесува на здруженија/невладини организации. Овие податоци транспарентно се внесени и достапни на системот на ДКСК. Јас сум правен застапник/претседател на Движењето за Социјална Правда - Ленка. Мојата сопруга е основач и правен застапник на Арете-Здружение за одржлив просперитет. Не сум бил, ниту сум вклучен во никакви активности на оваа организација, со која раководи мојата сопруга заедно со нејзина долгорочна колешка од Хрватска.
Ова го сподели Исмаил заедно со фотографија од мејл кој потврдува дека неговата сопруга не е толку богата колку што ја прикажуваат.
Еве ја неговата објава:
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.