17 Декември, 2024
0.0267

Од почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на Телеграм со цел да изврши терористички напад, детали за уапсениот за поврзаност со ИСИС

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Откриената терористичка група, ќелија на ИСИС, формирана од четири лица, а во која членувале и други засега непознати лица, планирала терористички акт на цивилни цели и јавни објекти, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тошковски посочи дека секторот за борба против тероризам на 15 декември до Основното јавно обвинтелство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица од Гостивар и Струга, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација од чл.394-а од КЗ. 

- Првопријавниот на почетокот на 2024 година создал терористичко-злосторничка организација во која членуваат и останатите лица, како и уште неколку засега непознати лица. Сите заедно формирале терористичка организација, ќелија со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цивилни или т.н. меки цели, односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија. 

Првосомничениот во почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram каде искажувал целосна подготвеност и намера за извршување на терористички напад, како и поттикнување на други лица за извршување на терористички напади во Европа. Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади, рече Тошковски.

Прашан за терористичката организација, Тошковски изјави дека нивната интенцијата била да и нанесат болка на Македонија и на македонските граѓани.

- Имаме голем број докази за тоа и тие лица се во притвор. И во иднина јасно, прецизно и соодветно ќе одговориме на сите останати кои ќе се обидат на ваков начин да влезат во одредени терористички организации, кои ќе сакаат да нанесат болка како на македонските граѓани, така и на било кои други граѓани во било која држава. Има основани сомненија дека сакале да делуваат не само во Македонија, туку и надвор од Македонија, рече Тошковски. 

Претходно Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија информираше дека и  со оглед на кривичното дело што им се става на товар, околностите, како и фактот дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје денеска му предложи на осомничените да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАБАВИЛЕ ВИДЕОЛОТАРИСКИ ТЕРМИНАЛИ КОИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ УПОТРЕБЕНИ - еве ги деталите за „Државна лотарија“

НАБАВИЛЕ ВИДЕОЛОТАРИСКИ ТЕРМИНАЛИ КОИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ УПОТРЕБЕНИ - еве ги деталите за „Државна лотарија“

„ХАКТАН Е ОНТОЛОГИЈАТА И НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО КОМПРОМИТИРАТЕ“: Апасиев зад неговиот сопартиец, еве што тој објави за наводите за богатството

„ХАКТАН Е ОНТОЛОГИЈАТА И НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО КОМПРОМИТИРАТЕ“: Апасиев зад неговиот сопартиец, еве што тој објави за наводите за богатството

„СО ВОЗИЛО СО ДИПЛОМАТСКИ ТАБЛИЦИ СЕ УПАТИЛ КОН КОСОВО“: Мицкоски со детали за Груби и поранешниот директор на Државна лотарија

„СО ВОЗИЛО СО ДИПЛОМАТСКИ ТАБЛИЦИ СЕ УПАТИЛ КОН КОСОВО“: Мицкоски со детали за Груби и поранешниот директор на Државна лотарија

ХОСПИТАЛИЗИРАНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКОТ НА „ТИК - ТОК“: повторно повредени деца завршија во болница

ХОСПИТАЛИЗИРАНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКОТ НА „ТИК - ТОК“: повторно повредени деца завршија во болница

ИАКО МУ ИСТЕКЛА КОНЦЕСИЈАТА, ПРОДОЛЖИЛ ДА ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО - жител на Велешта доби кривична пријава

ИАКО МУ ИСТЕКЛА КОНЦЕСИЈАТА, ПРОДОЛЖИЛ ДА ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО - жител на Велешта доби кривична пријава

РАСВЕТЛЕНИ СЕДУМ УБИСТВА СО ИСТРАГАТА ЗА „БЕЛАНОЦА - БАРОН“ - ги поврзуваат и со запалените автомобили, но и со изнуди, еве ги деталите

РАСВЕТЛЕНИ СЕДУМ УБИСТВА СО ИСТРАГАТА ЗА „БЕЛАНОЦА - БАРОН“ - ги поврзуваат и со запалените автомобили, но и со изнуди, еве ги деталите

КРИВИЧНАТА ПРОТИВ БАЈРАМИ ЈА ПОКРЕНА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА - еве за што се терети поранешниот директор на Државна лотарија

КРИВИЧНАТА ПРОТИВ БАЈРАМИ ЈА ПОКРЕНА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА - еве за што се терети поранешниот директор на Државна лотарија

ОД 10 ДО 25 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УБИСТВО - ОЈО со детали за истражната постапка против 18те уапсени лица членови на „Беланоца – Барон“

ОД 10 ДО 25 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УБИСТВО - ОЈО со детали за истражната постапка против 18те уапсени лица членови на „Беланоца – Барон“

ИМА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР: Тошковски вели „очекувам дека доброволно ќе се врати како што кажа“

ИМА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР: Тошковски вели „очекувам дека доброволно ќе се врати како што кажа“