ХОСПИТАЛИЗИРАНА 15-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКОТ НА „ТИК - ТОК“: повторно повредени деца завршија во болница
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024
Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди в. д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.
Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик. Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.
- Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактици. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман, изјави Настов.
Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе. Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.
На почетокот на месецот објави дека 11 деца се повредени и примени во оваа болница по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете. Децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.