КРИВИЧНАТА ПРОТИВ БАЈРАМИ ЈА ПОКРЕНА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА - еве за што се терети поранешниот директор на Државна лотарија
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024
Кривичната пријава до ообвинителство против поранешниот директор на Државна Лотарија, Прпарим Бајрами покрената на иницијатива на Управата за финансиска полиција.
Имено како што соопштуваат службите, Управата до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, соопштија од Финансиската полиција, во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања.
- Иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1.100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали - се појаснува во соопштението.
Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.