„СО ВОЗИЛО СО ДИПЛОМАТСКИ ТАБЛИЦИ СЕ УПАТИЛ КОН КОСОВО“: Мицкоски со детали за Груби и поранешниот директор на Државна лотарија
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Мицкоски ова го потенцира во вечерашното гостување во „Click Plus" на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот.
- Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово - рече Мицкоски.
Премиерот во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.
- Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам - рече тој.
Посочи дека 25 милиони евра одвоиле од буџетот за финансирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и за ова бил нападнат од неговите колеги, но тоа, рече тој, никого не го интересира.
- Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете ли колкави беа ударите од „Кирил и Методиј“ врз мене… Еве јас сум професор таму или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микрокосмос. Можам да ви редам многу вакви примери каде што ние треба да покажеме единство - вели Мицкоски.
Тој се осврнал и на неодамнешните настани и порача дека за прв пат биле одговорни пред органите оние кои го запалиле албанското знаме.
- Никогаш порано тоа не се случило. Е да, одговорни се тие кои што го палеа македонското знаме, национално, бидејќи тоа ни е заедничко - додава Мицкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.