18 Декември, 2025
0.0574

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2024 13:27

Добивај вести на Viber

Халкбанк преку платформата за млади - Halk EZ, го поддржа одржувањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на кој присуствуваа илјадници бруцоши од сите факултети. Настанот започна со свечена церемонија и заврши со традиционалната вечерна забава на платото на УКИМ. 

Студентите на влезот на комплексот факултети на УКИМ овојпат ги пречека и новиот HalkEZ мурал кој беше изработен од страна на уметниците Ана Трајковска и Ивана Самандова. Муралот е инспириран од визуелниот идентитет наплатформата за млади на Халкбанк, каде што централно место зазема фонтаната Лотос како симбол на дружење, заедништво и солидарност на многу генерации млади. Со испишаната моќна порака „Успехот почнува на УКИМ“, муралот не само што ги инспирира студентите, туку и ги мотивира да се стремат кон успех во своите студии.

„Halk EZ, освен што ја претставува нашата финансиска понуда наменета за младите, таа претставува и платформа преку која ги поддржуваме и им се доближуваме на овие генерации. Преку оваа платформа сакаме и се трудиме да работиме на отворање и решавање на многу теми од кои младите се засегнати во нивната сегашност. Им се приближуваме, ги слушаме и им даваме простор за изнесување на нивните ставови поврзани со културата, едукацијата, финансиите, општеството, социјализацијата.... Заедно со нив, целиме кон тоа да создадеме заедница која ќе биде едуцирана, која ќе ги знае вистинските вредности и ќе се чувствува моќно, која ќе биде мотивирана и охрабрена да го гради и изнесува својот став.“, истакна Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Првиот академски ден на УКИМ заврши со богата музичка програма, која ја одбележа енергијата и креативниот дух на младите студенти. Преку оваа платформа, Халкбанк уште еднаш покажа дека е вистински партнер на младите, поддржувајќи ги не само финансиски, туку и во нивниот личен и професионален развој.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay,SmartSend,SmartCash.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“