Халкбанк отсега и во Илинден
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013 16:27
На правните и физички лица од оваа општина ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на банката - штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union трансфер на пари, VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, електронско банкарство и друго, велат од Халкбанк.
-Среќен сум што денес официјално отвораме уште една филијала, со што се проширува семејството на Халкбанк. Верувам дека отворањето на филијалата ќе придонесе за уште поголем развој на оваа општина, која се наоѓа на стратешки одлична позиција и е во постојан раст ”, изјави Палакчи
Градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски, исто така го изрази своето задоволство од отворањето на филијалата.
-Би сакал да им се заблагодарам на сите кои се заложија да се отвори оваа филијала. Поддршка од една сериозна банка е многу значаен сегмент за одржливиот развој на општината, особено кога се работи за една од најголемите и најуспешните банки во регионот,” рече Стојановски
Дистрибутивната мрежа на Халкбанк сега брои вкупно 28 филијали и експозитури во 12 градови низ државата. Од банката изјавуваат дека следна цел е понатамошно проширување на мрежата со цел да се зголеми достапноста до клиентите, како и подготовка и понуда на нови атрактивни производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





