Халки поткаст – искрено и отворено за родителството
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2025 14:15
Справување со предизвиците што ги носи родителството и совети за здраво и среќно детство се главните теми на новиот Халки поткаст што го реализира Халкбанк, како дел од својата платформа за детско штедење. Првите четири епизоди се веќе објавени и во нив може да се чујат интересни и корисни искуства за родителството.
Во првата епизода, во која гостуваше актерката Софиа Насевска – Трифуновска, се говореше за разликите во воспитувањето на децата во минатото и денес и како начинот на градење на карактерот влијае на нивниот понатамошен развој.
Во втората епизода, актерот Гораст Цветковски ги сподели своите искуства за поставувањето граници за изложеноста на децата на мобилни телефони и друга технологија и говореше за негативното влијание на зависноста од екрани.
Третата епизода, насловена „Љубов и партнерство меѓу кашички и пелени“ е посветена на одржувањето здрави и позитивни односи меѓу родителите и како тоа влијае врз развојот на детето во првите пет до седум години. На оваа тема говореше Зорица Николова, психолог и семеен системски советник.
Хип хоп артистот Тони Зен, во четвртата епизода на Халки поткаст, говореше за односот кој го гради со неговиот син и колку е важно татковството исполнето со нежност, емпатија, вредности и позитивни примери.
Во наредниот период ќе бидат објавени уште четири епизоди од првата сезона на Халки поткаст, во кои исто така се осврнуваме на клучните теми за детскиот развој, но говориме и за техники за позитивно воспитување, справување со детските емоции и создавањето здрава и среќна врска со децата.
Водител на поткастот е Катерина Димова, семеен системски советник, која низ епизодите ги споделува своите искуства и совети, стекнати во повеќегодишната работа со деца и родители.
Главната цел на Халки поткаст е да понуди релевантна содржина на една исклучително важна тема како што е раниот детски развој. Имајќи ги предвид сите проблеми и предизвици кои со себе ги носи воспитувањето на децата во модерниот брз и динамичен начин на живот, исклучително е важно да се разменуваат искуства и совети за најважната задача што ја има секој родител – градењето здрави и среќни деца.
Халкбанк, во рамки на својата платформа за детско штедење Халки, реализира и поддржува голем број активности со кои ja поттикнува и развива креативноста, емпатијата и добрите навики кај децата.
*Пр објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





