29 Септември, 2023
0.0278

Халки штедна книшка како подарок за крајот на успешната учебна година

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Крајот на учебната година е време за размислување и исчекување на возбудливите можности што претстојат. Како што наближува летниот распуст, вистински момент е да се прослават постигнувањата на учениците. Но, тоа може да биде и идеален период во кој родителите и старателите треба да почнат да размислуваат за долгорочна финансиска сигурност и благосостојба на своите деца. А истата можат да ја обезбедат со почеток со штедење за своите најмили од нивна најрана возраст.

Детското штедење Халки е еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, и истиот е наменет да им ги обезбеди на семејствата потребните алатки и ресурси за да започнат патување кон финансиска независност и просперитет на своите деца. Со отворање на детски депозит, се зголемува навиката за штедење и со дополнителни уплати на депозитот се создава посигурна и посреќна иднина за најмладите.

Минималниотизносза отворање денарски детски депозит во банката изнесува 1.000 денари додека штедењето во евра може да започне со износод 20 евра.Постапката е едноставна, со оглед на тоа што потребни документи за отворање детски депозит се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето.За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и брендиран Халки подарок.

При штедење во денари, номиналната годишна каматна стапка изнесува 2% за период од 25 месеци, 2,5% за 36 месеци, 3% за 48 месеци и 3,5% за вкупен период од 60 месеци, односно 5 години. Кога се штеди во евра, каматата изнесува 1% за 25 месеци, 1,5% за 36 месеци, 2 проценти за период од 48 месеци и 2,5% за 60 месеци.

Каматата за овој тип на штедење се исплаќа на крајот на периодот на орочување. Кај овој производ може да се вршат дополнителни уплатина депозитот и тоа на шалтерите на банката, со траен налог и преку електронско банкарство на родителот. Делумно повлекување средства пред истекот на периодот на орочување не е дозволено. За овој типдепозит можете да аплицирате и онлајн на следниот линк по што ќе бидете исконтактирани од страна на вработените на Банката за дополнителни информации.

Повеќе информации за Детското штедење Халки се достапни на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 - Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 - Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт

На Манаки ОФФ програмата – промовирана првата македонска плоча снимена со музика во живо

На Манаки ОФФ програмата – промовирана првата македонска плоча снимена со музика во живо

Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends

Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

„The Hub” е нов коворкинг простор во Скопје кој ќе го враќа профитот во заедницата

„The Hub” е нов коворкинг простор во Скопје кој ќе го враќа профитот во заедницата