19 Декември, 2025
0.0443

ХАРИ КОСТОВ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ЗА КОСТОВСКИ: Тој и неговите менаџери се виновни за пропаста на Еуростандард, зградите што се продадени беа под хипотека кај Комерцијална

Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2022 10:01

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка преку соопштение до јавноста излезе со остра реакција на изјава на бизнисменот Трифун Костовски, косопственик на пропаднатата Еуростандард банка. 

Дописот до јавноста од Комерцијална банка го пренесуваме во целост.

„Секој обид на г-динот Трифун Костовски за замајување и дезинформирање на јавноста и за барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката“, се вели во соопштението на банката со која раководи Хари Костов.

Натаму се додава.

„Костовски во секое негово обраќање покажува дека е или комплетно неинформиран за работењето на Еуростандард банка и не е упатен во банкарското работење воопшто или, пак, намерно ја извртува вистината. Досега се изначитавме дека виновни му се гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот премиер Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, Комерцијална банка... Значи, според него, виновни се сите други освен поранешните акционери и менаџментот на Еуростандард банка. Каков апсурд и лага.

Пред точно една година Комерцијална банка ја објави својата последна реакција во врска со небулозите и лагите на Трифун Костовски и затоа во оваа прилика сакаме само да потсетиме дека Костовски повторно заборава дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можеа да се наплатат и затоа тие се главните виновници за пропаѓањето на Еуростандард банка.

И повторно, свесно или не, г-динот Костовски или лаже или не знае и ја дезинформира јавноста за продажбата на зградите Палата Македонија и Поштенска банка во постапката за извршување на имот ставен под хипотека во Комерцијална банка за кредити дадени на неговата фирма Гофи. Зградата Поштенска банка е веќе продадена минатата година на друг субјект, а не на Централна кооперативна банка, што денес може да го види во Катастарот. Залудно се обидува Костовски да вовлече нови правни субјекти, кои немаат никаква врска со тоа, во неговата приказна и лажни манипулации. Втората зграда, Палата Македонија, исто така, е продадена на лицитација од извршител, на која учествуваа двајца лицитанти,за 1,83 милиони евра. Продажната цена е за над 30.000 евра повисока од цената по која своевремено неговиот син Коста Костовски направил и преддоговор за продажба. Би било многу интересно да објасни како тоа кога Коста Костовски продава по помала цена, тоа е пазарно, а кога се продава на лицитација по повисока цена, тоа било „под објективната пазарна цена“??? Навистина невидени глупости.

Костовски слободно нека продолжи да ја замајува јавноста со дезинформации и шпекулации, но тоа нема да ја промени вистината за пропаѓањето на 

Еуростандард банка. Ако и понатаму смета дека има основ, нека си тера постапки пред надлежните домашни, па и меѓународни судови“, се вели во острата реакција од Комерцијална банка.

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра