24 Ноември, 2024
0.0284

ХАЗАРДЕН ВОЗДУХ ВО МАКЕДОНИЈА: Пациентите со белодробни заболувања добро знаат што е глад за воздух, д-р Арбутина за Фактор

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Кавадарци и Струмица синоќа беа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, со измерени 364 ПМ 2,5 честички во Кавадарци, односно 323 ПМ 2,5 во Струмица, според Real-time аir Quality Index (AQI). Воздухот според овие параметри е хазарден. Но ништо подобри не беа ниту ниту Велес и Битола, како и повеќе скопски населби, особено Лисиче, каде што во описот за квалитетот на воздухот беше наведено многу нездраво. Во разговор за Фактор, д-р Сузана Арбутина, специјалист пилмолог од Клиниката за пулмологија и алергологија, вели дека иако чистиот воздух е основно човеково право, сепак, загадувањето продолжува да претставува значајна закана за луѓето ширум светот - тоа е најголемата еколошка закана за здравјето и водечка причина за незаразни болести.

- Загадувањето на воздухот во градовите е секогаш актуелно прашање имајќи предвид дека голем број различни извори на загадување се концентрирани на релативно мала област: извори на енергија, сообраќај и индустрија, така што воздухот содржи примарни загадувачи: сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглерод моноксид и честички саѓи, како и специфични загадувачи во зависност од индустриските објекти во даденото подрачје. Во текот на зимските месеци се забележуваат значително повисоки концентрации на сулфур диоксид и саѓи, што е резултат на зголемената потрошувачка на енергија, односно употребата на неквалитетен јаглен. Во Европа, загадениот воздух предизвикува околу 400.000 предвремени смртни случаи, проценува Европската агенција за животна средина. 9 од 10 луѓе во светот дишат загаден воздух според стандардите на СЗО, вели д-р Арбурина.

Посочува дека PM честички се сметаат за најопасни загадувачи кога станува збор за здравјето на луѓето.

-Честичките со дијаметар до 2,5 микрометри (PM2,5) се особено опасни бидејќи благодарение на нивната големина можат да навлезат во крвотокот и да предизвикаат кардиоваскуларни и цереброваскуларни проблеми. Суспендираните честички ја зголемуваат и смртноста, особено кај кардиоваскуларните заболувања. Според податоците на СЗО, смртноста кај возрасните се зголемува за 6% со секои дополнителни 10 μg/m3 честички PM2,5 во воздухот. Бројни студии и докази покажуваат дека главните загадувачи кои влијаат на здравјето се честичките како што се PM2,5 (со дијаметар од 2,5 микрометри или помалку) и PM10 (со дијаметар од 10 микрометри или помалку). Сулфур диоксидот предизвикува иритација на очите, носот и грлото и ја зголемуваат отпорноста на минување на воздухот во горниот респираторниот систем. Азотниот оксид и јаглерод моноксидот ја намалуваат способноста на хемоглобинот да транспортира кислород, што дополнително ја влошува здравствената состојба на срцеви болни и другите пациенти со хронични болести, појаснува д-р Арбутина.

Таа вели дека во зависност од времетраењето на изложеноста, штетното влијание на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето може да се подели во две главни групи:

 1. Акутни ефекти, кои се јавуваат брзо кога концентрациите на атмосферските загадувачи значително се зголемуваат поради неповолните метеоролошки услови или поради индустриски инциденти;

2. Хронични ефекти кои се развиваат како последица на секојдневната изложеност на комбинација од ниски концентрации на атмосферски загадувачи.

-Акутните ефекти се манифестираат брзо, а хроничните ефекти стануваат видливи дури по подолг период на континуирана изложеност на ефектот на загадувачот, па затоа е потешко да се забележат. Кај луѓето, загадениот воздух најчесто предизвикува иритација и воспаление на респираторниот тракт - акутен бронхитис придружен со отежнато дишење и кашлање, што е особено опасно за децата и хроничните пациенти (кардиолошки и пулмолошки пациенти, пациентите со висок крвен притисок, оние кои имале срцев удар, мозочен удар итн.). Долгорочното загадување на воздухот може да доведе до развој на хроничен бронхитис, астма, емфизем, па дури и до рак на белите дробови. Главниот пат на изложеност од загадениот воздух е преку респираторниот тракт. Дишењето на овие загадувачи води до воспаление, оксидативен стрес, имуносупресија и мутагеност во клетките низ нашето тело, што влијае на белите дробови, срцето, мозокот меѓу другите органи и на крајот доведува до болести. Речиси секој орган во телото може да биде погоден од загадениот воздух. Опсегот на последици за органите за дишење се движи од најблаги, како што се различни респираторни симптоми (засилена кашлица), потоа инфекции на респираторниот тракт, зголемена реактивност на респираторниот тракт, алергии, пневмонија од вирусно или бактериско потекло, развој, но и влошување на претходно постоечки болести, односно хронични опструктивни белодробни заболувања, астма, белодробна фиброза, како и зачестено неопходно болничко лекување при егзацербации на овие болести и зголемена смртност од овие болести. Исто така, може да дојде до трајна промена на структурата на белите дробови, со намалена функција, и респираторна попреченост поради неповратно намалување на капацитетот за дишење, со значително зголемен ризик од рак на белите дробови, вели д-р Арбутина.  

Истовремено нагласува дека акутните егзацербации на болеста се значително почести и потешки кај пациенти со астма. Инфекциите се почести, па затоа е потребно почесто болничко лекување, а сето тоа доведува до пократок животен век на овие пациенти. Резултатот е секогаш намален квалитет на живот, па дури и зголемена смртност од сите споменати респираторни заболувања.

-Најчувствителна популација се децата, трудниците, хроничните пациенти и постарите лица. Најчесто во амбуланта се јавуваат пациенти со знаци на бронхитис, егзацербација на хронична опструктивна белодробна болест - ХОББ и астма.Изложеноста на загаден воздух е поврзана со голем број на  акутни и хронични нарушувања на здравствената состојба на населението, од едноставни иритации како кашлица, насолзени и чешање на очите, непријатни мириси, преку сериозни болести, па дури и смрт.Носењето обични хируршки маски штити од вдишување н апоголемите честички. Вдишувањето на токсични гасови може да се ублажи само со нано маски. Нано маските се удобни за носење бидејќи се направени од ткаенина и имаат филтри. Пациентите со белодробни заболувања тешко дишат со полиестерски маски. Тие многу добро знаат што е глад за воздух, нагласува таа.

Д-р Арбутина во нашиот разговр даде и низа совети, како за хронично болните, така и за граѓаните кои се здрави, и кои мора во текот на денот да бидат изложени на загадениот воздух.

-За време на епизоди на зголемено загадување н авоздухот, неопходно е да се ограничи движењето н ахроничните пациенти, па дури и здравите луѓе наотворени простори. Доколку е невозможно да се избегне движење на отворено, подобро е да се покрие устата и носот со марама за барем делумно да се ублажи штетното дејство на лебдечките честички и саѓи, чија концентрација е висока во време на зголемено загадување на воздухот. Потребно е да се консумираат што повеќе свежо овошје и зеленчук, како и топли напитоци (чај, какао и сл.).

Во случај да почувствуваат влошување на нивното здравје, хроничните пациенти мора да бидат под постојана контрола на лекар.

Со цел да се спречат акутни и хронични заболувања кои се јавуваат како резултат на загадениот воздух, на населението препорачуваме:

• Намалете го движењето на отворено, особено во утринските и вечерните часови

• На хроничните пациенти, но и на здравите луѓе, особено на децата, им се препорачува да поминуваат што повеќе време во средини со ниско ниво на загаденост на воздухот (планини, море).

• Хроничните пациенти треба навреме да ја земаат пропишаната терапија и да одат на редовни контроли кај лекар

• Не се препорачуваат ниту вежби и трчање на отворено, бидејќи на овој начин поради длабокото дишење се внесуваат поголеми количини на загадувачи на воздухот во белите дробови.

• Намалете ја употребата на цврсто гориво, особено јаглен кој има лош квалитет

• Се препорачува земање доволно количество течности (особено топли пијалоци – чај, супи) и овошје и зеленчук, поради внесување на витамини и минерали

• Кога сте на отворено, користете заштитни маски за загадување на воздухот (стандардизираните заштитни маски обезбедуваат најдобра заштита).

Новите упатства за квалитет на воздухот (WHO AQG) се амбициозни и го одразуваат големото влијание што загадувањето на воздухот го има врз глобалното здравје. Тие препорачуваат да се стремиме кон годишни просечни концентрации на PM2,5 кои не надминуваат 5 µg/m3 и NO2 не надминуваат 10 µg/m3, а просечната 8-часовна концентрација на озон во пик сезона не надминува 60 µg/m3.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип