„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен
Објавено во: Свет 06 Октомври, 2024
Американскиот национален центар за урагани предупреди дека
бурата Милтон - моментално во близина на брегот на Мексико - се очекува „брзо
да зајакне“ и може да претставува „опасност по живот“ и сериозна закана
за делови од западниот брег на Флорида.
Милтон пристигнува само 10 дена по ураганот Хелена, најсмртоносната бура што дошла на копно по Катрина во 2005 година, што го зафати југоисточниот дел, најмногу Орландо, убивајќи најмалку 225 луѓе, а стотици се водат како исчезнати.
Во Флорида, каде Хелена остави најмалку 14 мртви, гувернерот Рон Де Сантис издаде итно предупредување за 35 окрузи и рече дека се во тек подготовки за обновување на струјата и расчистување на патиштата пред пристигнувањето на Милтон.
Бурата Милтон утрово донесе максимална брзина на ветерот од 95 км/ч.
„Милтон се движи бавно“, соопшти Центарот за урагани, додавајќи дека се очекува бурата „брзо да зајакне“.
„Сè поверојатно е дека моќен, ураган опасен по живот, кој ќе погоди делови од западниот брег на Флорида до средината на оваа недела“, се додава во соопштението.
Од денеска до утре во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд, а ноќта кон вторник и среда со пообилни врнежи од дожд и засилен ветер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.