Хеленик Петролеум со позитивни финансиски резултати за третиот квартал
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2016 15:46
Силниот оперативен резултат од преработката, снабдувањето и трговијата со нафтени деривати, како главна активност на Групацијата, заедно со зголемениот извоз, доведе прилагодената ЕБИТДА за третиот квартал на 2016 година на Хеленик Петролеум да биде 191 милиони евра и покрај значителниот пад на референтните маржи од преработката, споредено со мината година. Објавената ЕБИТДА за третиот квартал од 2016 година изнесува 190 милиони евра, што е 74% повисоко во споредба со третиот квартал од 2015 година.
„Резултатите од третиот квартал на 2016 година наХеленик Петролеум Групацијата, што ги објавивме денеска ја подобруваат перспективата за 2016 година, создавајќи очекувања и поттикнувајќи уште подобри перформанси. Во однос на резултатите од третиот квартал, остваривме силни оперативни перформанси во сите наши активности. Постојаната преработката со зголемен капацитет, на високо ниво ги избалансира ниските референтни маржи, додека одржливата извозна ориентација овозможи целосна расположливост на нашето производство, со акцент на меѓународна продажба. Нашите рафинерии работат со полн капацитет,постигнувајќи рекордно производство во третиот квартал од 2016 година.Силната позиција на компанијата овозможи значајно зголемување на побарувачката за издавање нови обврзници, како и ниска каматна стапка, што доведува до намалување на финансиските трошоци.
Јас би сакал да се заблагодарам на вработените во сите деловни единици за нивната посветеност и тимска работа“, изјави Григорис Стергиулис, Главен извршен директор на Групацијата,за резултатите од третиот квартал од 2016 година.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




