ХЕЛИКОПТЕР АКТИВИРАН ВО ДОЈРАН, ЕР ТРАКТОР ВО „САМОКОВ“ - продолжува борбата со пожарите, гори на седум локации во земјава
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 09:28
Македонските пожарникари и доброволци и денеска остануваат на терен и се борат со огнените стихии низ земјава.
Според последните информации од надлежните служи, обидите за гаснење на сите пожари низ земајва не се успешни, и екипите остануваат на терен и продолжуваат со гаснење.
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.
- Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен.
Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат - истакнува Ангелов во утринската изјава.
Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.
Рано утрово, како што информираше, целосно е изгаснат и пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.
Од Центаро за управување со кризи пак посочуваат дека во изминатото деноноќие, според инфорамции добиени до 7 часот утрово, имало вкупно 31 пожар, од кои и понатаму се активни 7, локализирани два, а изгаснати 22 пожари на отворено.
1. Опш. Македонски Брод 1: Помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатинo (деградирана дабова шума и грмушки);
2. Опш. Македонски Брод 2: с. Самоковo (опожарен лесно запалив материјал);
3. Опш. Чашка: Под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад во карпест дел, шумски пожар);
4. Опш. Чучер Сандево 1: Помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација);
5. Опш. Бутел: с. Лубанци (ниска вегетација);
6. Опш. Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума);
7. Опш. Кавадарци: с. Крушевица (ниска вегетација).
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




