Хеликоптер со дипломати се урна во училиште во Пакистан
Објавено во: Свет 08 Мај, 2015 14:06
Шест лица - двајца пилоти и четворица странци, меѓу кои амбасадорите на Норвешка и на Филипините, загинаа во несреќа со пакистански воен хеликоптер Ми-17 во североисточен Пакистан, соопштија пакистански медиуми и воени извори, цитирани од светските агенции.
Меѓу повредените се амбасадорите на Полска и Холандија.
Талибанците соопштија дека тие се симнале од хеликоптерот со странски дипломати и дека нивна цел била премиерот Наваз Шариф, пренесе „Франс прес“. Исламистичкото движење објавиле дека го погодиле роторот на хиликоптерот со ракета воздух-земја.
Не е познато дали талибанците имаат присуство во зоната, која во голема мера е под контрола на пакистанската армија, забележува „АФП“. Агенцијата наведува дека исламистичкото движење во принцип презема одговорност за вакви слични случаи.
Пакистанскиот премиер навистина има предвидено посета во северозападниот дел на земјата денес, но не беше очекувано да биде присутен во реонот на падот на хеликоптерот.
Делегацијата од дипломати и новинари патувала со три хеликоптери за Гилгит-Балтистан, соопшти „Франс прес“, цитирајќи извор од патниците на одборот на еден од другите два хеликоптера.
Според очевидците училиштето се запалило по катастрофата во долината Налтар, но за среќа во него немало ученици во тоа време.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




