19 Декември, 2025
0.1665

ХЕЛИКОПТЕРОТ „БЛЕК ХОК“ ЌЕ ПОМАГА ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ ВО ГОТЕН: има три опасни пожари, се вклучуваат и словенечките екипи

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 07:29

Добивај вести на Viber

Неколку пожари и понатаму „беснеат“ низ Македонија, а во текот на изминатата ноќ пожарникарите и другите екипи се бореле со дури 28 пожари на отворено. 

За среќа изгаснати се 20 пожари, а и понатаму активни се три пожари, и уште пет кои според информациите од Центарот за управување со криза се под контрола. 

Најкритични се трите пожари во Готен, Бешки Рид и меѓу селата од Прилеп кон Кавадарци. 

Поточно, станува збро за пожарот во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Исто така и во општина Прилеп има голем пожар и тоа кај селото Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница кое е во општина Новаци и трет крак кон границата со Р. Грција. 

За жал овде не се интервенира поради детонации, а гори мешана шума.

Третиот ризичен пожар е помеѓу општините Прилеп и Кавадарци, поточно меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци), каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација. 

Под контрола се пет пожари и тоа: 

1. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);

2. Општина Македонски Брод 2: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

3. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);

4. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);

5. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума). 

Според информации од Дирекцијата за заштита и спасување, утрово, на аеродромот Скопје со посадата на чешкиот Блек Хок бил одржан оперативен брифинг од страна на старешини од Армискиот Воздухопловен ВИНГ, при што и екипата од Чешка била запозната со пожарот на планината Готен од беровската страна. 

- Најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено само десетина километри воздушна линија од пожарот - посочуваат од ДЗС. 

Од таму појаснија дека веднаш по завршување на брифингот посадата се упати кон хеликоптерот со цел да помогнат во гаснењето на пожарот кој се смета за најкритичен. Поради строгите армиски правила не се направени фотографии или видеа, истите ќе ги направиме во текот на денот додека хеликоптерот дејствува врз пожарот. 

Воедно додаваат дека конвојот со 61 словенечки пожарникар со 18 возила, меѓу нив и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари, е во близина на Берово.  

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка вчера со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје. 

Фото: ДЗС/ Словенечкиот конвојот

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот