30 Јули, 2024
0.0276

ХЕЛИКОПТЕРОТ ФРЛИЛ ВОДА ВРЗ ОГНЕНИОТ ОБРАЧ: Спасени се луѓето кои беа заробени во Стројменци

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Со хеликоптер се евакуирани лицата од светиниколското село Стројменци.

Петте лица од светиниколското село Стројменци, кои беа заробени во пожарот, со помош на хеликоптер веќе се извлекуваат, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Во атарот на село Орел сега нема опасност по куќите и мислам дека ќе го стават под контрола, потоа од Стројменци накај село Ранчанци, накај манастирот Света Недела. Ме радува што во моментов има авиони, кои ќе помогнат. Овие села можеби не се големи, но се живи села“, вели Владев.

Од ЦУК објаснија како луѓето се спасени. 

„Најпрво полицискиот хеликоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените заробени лица. Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Во спасувањето на селата вклучени се пожарникари, доброволци, месно население, вработени во државните институции.

Пожарите во овој дел од Македонија се гаснат од земја и воздух, а општината со помош на населението обезбедува храна и вода за луѓето кои се борат со пожарите во оваа општина.

Штетите од пожарите дополнително ќе се утврдуваат, а според првичните проценки, изгорени се околу 40 куќи во селата Немањици, Малино и Орел. Има изгорено и стока, добиточна храна, а некои од селата останаа и без вода за пиење, како што е селото Немањици. 

Голем пожар има во Дојран. Гори и на други локации во државата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa