HelpMark.me-мобилна апликација за помош на загрозените од поплавите
Објавено во: Македонија 18 Август, 2016
Со цел да се помогне на локалното население кое претрпе штети од поплавата и волонтерските акции да бидат по координирани екипата на System4Enterprise создаде мобилна апликација - HelpMark.me која што овозможува маркирање на потреба од помош на одредени локации и ја олеснува координацијата при доставата на истата.
Апликацијата е платформа каде имаат можност да се спојат волонтерите и оние кои имаат потреба од помош. Како функционира HelpMark.me? 1.Пријави потреба од помош на локацијата на која се наоѓаш. 2.Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус "потребна помош". 3. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен. HelpMark.me можете да ја симнете директно на вашиот телефон преку Google Play Store.