Хелсиншкиот комитет повикува на отповикување на одлуката на Иванов
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 20:59
„Oдлуката на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да не го довери мандатот на кандидатот на партиите што имаат мнозинство во Собранието, претставува директно кршење на Уставот на РМ и е пречекорување на неговите уставни овластувања, а спротивно на волјата на граѓаните. Оваа одлука истовремено е директно негирање на волјата на мнозинството граѓани за формирање мнозинска политичка влада, со 67 мандати во Собранието“, реагираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Оттаму посочуваат: „Во својот говор Претседателот не даде ниту еден уставно-правен аргумент за ваквата одлука. Напротив, обраќајќи се единствено на дел од македонскиот народ поддржувачи на ДПМНЕ и исклучувајќи ги сите други граѓани, припадници на малцински етнички заедници во државата, говореше за фиктивна повреда на унитарноста и суверенитетот на државата, за заговори од странски држави и ја повика меѓународната заедница на воздржување од наводно, како тој видел - мешање во внатрешните работи на Македонија.
Хелсиншкиот комитет изразува загриженост дека со овој свој гест Претседателот има намера да ја продлабочи политичката криза во државата, додавајки и безбедносна и интеретничка опасна димензија. Тоа би можело да произведе ситуација на темелна загрозеност на човековите права на сите граѓани во Македонија во ситуација на длабока политичка и безбедносна криза“.
Од тие причини, Хелсиншкиот комитет повикува на отповикување на оваа одлука на Претседателот, сè со цел за брз излез од политичката криза и влез во тешкиот реформски период кој и претстои на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




