15 Декември, 2025
0.1567

ХЕМАТОМИ, ОТОЦИ, ИНФЕКЦИИ - РИЗИЦИТЕ ОД НЕЛЕГАЛНИ ЕСТЕТСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ: Д-р Томислав Јованоски со сите детали за Фактор

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2025 07:41

Добивај вести на Viber

Во последните години, сè почесто се среќаваме со случаи на компликации предизвикани од естетски интервенции изведени од лица без медицинска квалификација. Со зголемената популарност на нехируршките естетски процедури, како што се апликацијата на ботокс и дермални филери, се појавува сериозен проблем – нивното нерегулирано изведување во несоодветни услови. Овој тренд, кој најчесто се промовира преку социјалните мрежи, носи голем ризик за здравјето на пациентите и ја потенцира итната потреба од законски измени и поголема контрола во оваа област.

Во разговор за Фактор, специјалистот по пластична и реконструктивна хирургија, д-р Томислав Јованоски, укажува дека во последно време сè почесто се соочуваат со случаи каде што пациенти претрпеле здравствени компликации како резултат на недоволно стручно изведени интервенции.

„Најчесто, овие компликации се последица на постапки кои вклучуваат примена на медицински помагала, мислејќи на филери и ботокс, а биле изведени од лица без соодветна медицинска квалификација. Најчестите компликации со кои се соочуваме вклучуваат хематоми, отоци и инфекции, за веднаш потоа да следуваат компликации од типот на миграција или изместување на филерот од посакуваната регија, кои можат да предизвикаат дополнителни естетски проблеми. Можам да кажам, за среќа најретки, но воедно и најсериозни компликации, се оние поврзани со исхемија на ткивата како резултат на несоодветна апликација на филер директно во крвен сад“, вели д-р Јованоски.

Практиката на изведување на естетски медицински процедури од нелиценцирани лица е широко распространета, особено на социјалните мрежи, каде што нерегулирани лица агресивно ги рекламираат своите услуги. Често овие интервенции се изведуваат во козметички салони, непроверени установи, па дури и во приватни станови, што го зголемува ризикот од несоодветно изведени постапки.

„Искуството покажува дека оваа појава е многу распространета. Ова е особено евидентно на социјалните мрежи, каде секојдневно се појавуваат реклами од немедицински профили кои нудат вакви интервенции, често во несоодветни простории. Оваа загрижувачка појава дополнително го зголемува ризикот од несоодветно изведени постапки и потребата од подигнување на свеста за важноста од избор на квалификувани и лиценцирани професионалци“, посочува нашиот соговорник.

Постојната законска рамка има значителни недоречености, што создава простор за нерегулирано изведување на естетски медицински процедури, па во оваа насока д-р Јованоски истакнува дека измените на законот се неопходни за да се заштитат пациентите и да се воведе поефикасна контрола.

„Мора да истакнеме дека наидовме на разбирање од страна на здравствените власти во насока на измена на законот, со што се очекува да се зголеми безбедноста на пациентите и да се воведе поефикасна контрола врз давателите на овие услуги. Моменталната законска рамка има одредени недоречености, што создава простор за нерегулирано изведување на естетски медицински процедури од страна на нелиценцирани лица“, нагласува тој.

Во моментов, медицинските естетски интервенции се третираат исто како немедицински процедури, како што се пирсинг и тетоважи, што носи дополнителни ризици.

„Иницијативата за измена на законот ја отвора клучната потреба за разликување на медицинските естетски интервенции од немедицинските процедури. Оваа недоволна регулатива носи ризици од сериозни компликации бидејќи естетската медицина е сепак медицина и бара стекнато медицинско знаење и стручност. За да се заштитат пациентите, потребно е законот јасно да утврди кој може да ги изведува овие интервенции и во какви услови“, појаснува д-р Јованоски. 

Голем дел од проблемот произлегува и од ниската свест на граѓаните за можните ризици. Многу луѓе се одлучуваат за процедури врз основа на достапноста и цената, без да ги проверат квалификациите на лицата што ги изведуваат интервенциите.

„Сметаме дека свеста кај граѓаните за потенцијалните ризици и можности од компликации при изведување на естетските интервенции сè уште не е на задоволително ниво. Често, одлуките се носат врз основа на достапноста и цената, без доволна проверка на стручноста и квалификациите. За поголема заштита, неопходно е граѓаните секогаш да се информираат дали лицето кое ја изведува интервенцијата има соодветна медицинска едукација и лиценца, како и дали постапката се одвива во контролирана и безбедна средина“, потенцира во разговорот д-р Јованоски.

Како специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, во насока на подобрување на состојбата, д-р Јованоски цени дека е неопходно воведување на строги регулативи, зголемена контрола од страна на надлежните институции и едукација на граѓаните за ризиците поврзани со овие интервенции.

„За спречување на несоодветно изведени естетски интервенции, потребно е да се направат измени во законот кои ќе ја дефинираат квалификацијата на изведувачите, како и редовни контроли на установите. Важно е да се воведе обврска за лиценцирање и сертификати, додека истовремено треба да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на изборот на квалификуван персонал и да се реализираат образовни кампањи за пациентските права и безбедност“, вели нашиот соговорник.

Анита Буховски

фото: ФБ

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро