18 Декември, 2025
0.0592

ХЕПАТИС, ТИВОК УБИЕЦ: Во Македонија 141 заболени од оваа болест

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2020 10:40

Добивај вести на Viber

Светот денеска го одбележува денот на борбата против хепатитисот, а целта е да се подигне свеста за вирусниот хепатитис, и да се придонесе за поголема заштита врз здравствената состојба. 

-Проценките се дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц. Во Република Северна Македонија во 2019 година регистирани се 91 заболен од Хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи. За Хепатитис А и Хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Ова заболување преставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни видови на вируси на хепатитис – А, Б, Ц, Д и Е. Иако клиничката слика на вирусниот хепатитис е слична независно од причинителот (пожолтување на кожа и склери, болки во стомак, тежина под десен ребрен лак, гадење, повраќање, губење на апетит, замор, темна мокрача) тие се различни вируси кои даваат спрецифични одлики кај поединечните хепатитиси во начинот на пренесувањето, различни дијагностички тестови, исходот на болеста, лекувањето и превенцијата.

Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатист Б пак е превентивна вирусна инфекција што може да се третира доколку стане хронична. Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните пет до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70 отсто.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери