18 Декември, 2025
0.0538

ХЕПАТИС „X“ - ДАЛИ СПАЈК ПРОТЕНИОТ Е ИНВОЛВИРАН ВО НОВОТО ЗАБОЛУВАЊЕ?-Проф. Софијанова за разорното заболување кај децата

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022 18:21

Добивај вести на Viber

Случаи на хепатитис или воспаление на црниот дроб кај најмладата популација се пријавени уште во средината на април во повеќе европски земји-Данска, Ирска, Холандија, Шпанија, како и во САД, но први кои алармираа за ова заболување беа британските здравствени власти кои објавија дека откриле повеќе случаи на инфекцијата кај децата од вообичаено. Од вчера и лекарите во Србија алармираа дека можно е да има прв случај, на ова заболување и кај нив.

Во разговор за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р. Аспазија Софијанова, вели дека засега во Македонија не е регизтриран случај на дете со овој, засега непознат вид хепатитис, но конкретно ги посочи симптомите на заболувањето.

-Станува збор за акутно прогресивно заболување на црниот дроб кај децата, а први случаи беа пријавени во Велика Британија, но и во уште неколку европски земј. Ние, педијатрите на нашите редовни стручни состаноци постојано разговараме за ова заболување во последниов месец. Акутното влошување на црниот дроб, од она што досега е познато е како последица од изолиран аденовирусот, но дилемата сега е дали тој адено вирус е поради спајк протениот на корона вирусот, бидејќи најверојатно е тип на адено вирус кој е премногу разорен за црниот дроб. Сега се поставува прашањето дали таа разорност е поврзана со короната, дали има врска со спајк протениот кој го има во аденоврусот или е некој независно создаден сам по себе бидејќи е познато дека вирусите повремено имаат тенденција да мутираат и да прават мутираат и да прават такви необјасниви здравствени појави. Но, во конкретниот случај, ги напаѓа децата, односно црниот дроб кај децата. И за жал е толку брзо агресивен да не може ниту една хепатопротективна терапија да влијае. Не влијае терапијата која би го заштедила делот од црниот дроб кој е веќе разорен. Единствен начин на лекување е трансплантација на црн дроб. Веќе од повеќе од стотина случаи во светот со ова заболување, веќе се направени 70-тина трансплантации кај децата, посочува проф. Софијанова.

Истовремено нагласи дека првите знаци на болеста се кога детето одбива да јаде, малаксано е изнемоштено е, а потоа тоа преминува во жолто обојување кое резултат е излевање на жолтилото од црниот дроб.

-Ако се препознае брзо се прават сите можни испитувања. Биохемијата е секако најважна од која се гледа дали има покачување на билирубините во крвта, а тука станува збор за директниот билирубин заради кои се јавува жолтилото. Потоа се прават испитувања за присуство на вирусите и кај сите случаи досега е пронајден аденовирусот кој дава низа симптоми. Прогресивните исходи кои се последица на вирусот укажува на тоа дека станува збор за некоја нова варијанта на аденовирусот, и дали е спајк протениот инволвиран, навистина се уште не е утврдено, вели директорката на Детската клиника.

Инаку, како што вели проф. Софијанова, станува збор за заразно заболување кое се пренесува преку контакт, преку рацете, заради што треба поголемо внимание да се обрати на хигиента.

-Тоа е инфективен процес, кој треба да се сопре навреме, посочува директорката Софијанова во разговорот за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери