Добивај вести на Viber
Прв случај на хепатитис А е потврден во грчкиот бегалски камп во Идомени на границата со Македонија, објави вчера грчкиот Центар за контрола и превенција на болести.
Заразено е 9-годишно сириско девојче, кое е однесено во болница во Солун, и состојбата му е стабилна.
Центарот, во соработка со локалните здравствени власти, презема чекори за спречување на ширењето на болести меѓу бегалците. Тоа опфаќа ширење на информации за хигиената, дезинфекција на тоалети, употребата на безбедна и чиста вода за пиење. Во Идомени се наоѓаат 1000 бегалци откако Македонија, заедно со своите балкански соседи, воведе ограничувања за мигрантите на своите граници.
Бугарија вчера испрати хуманитарна помош во бегалскиот камп во Идомени. Кон Грција тргнаа неколку камиони, натоварени со шатори, ќебиња и легла.
Инаку шверцери ги земаат бегалците, ги носат, ги оставаат во села и ги лажат дека се во соседна Србија.