Хербалајф и Специјалната Олимпијада најавија фитнес соработка вредна 1 милион долари
Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2016 16:24
Глобалната нутриционистичка компанија Herbalife Ltd. денеска најави 1 милион долари вредна соработка со Специјалната Олимпијада, со цел да ја поддржи фитнес програмата на организацијата низ целиот свет, фокусирана на зголемување на физичката активност и подобрување на исхраната и хидратацијата.
Користејќи го глобалниот нутиционистички тим на Хербалајф, составен од повеќе од 300 научници и 36 доктори на науки, специјализирани за исхрана и спортски перформанси, компанијата ќе ја позајми својата експертиза за здрава исхрана и едукативни содржини, вклучувајќи видеа и други материјали за тренерите, спортистите, даватели на нега и поширокиот персонал на Специјалната Олимпијада.
„Специјалната Олимпијада е повеќе отколку само спортско натпреварување“, рече Кајл Вошбрн, Фитнес директор на Специјалната Олимпијада. „На нашите спортисти им доближуваме заедница којашто ги поддржува во спортот, во здравјето и во фитнесот.“
Како дел од спонзорството, Д-р. Дана Риан, Сениор менаџер за спортски перформанси и едукација во Хербалајф, ќе ѝ се придружи на Глобалната фитнес единица на Специјалната Олимпијада, со цел да донесе дополнителна перспектива и експертиза за поддршка на спортистите на Специјалната Олимпијада, тренерите, семејствата и поддржувачите. Помагајќи за понатамошно зголемување на свесноста за важноста на здравата исхрана и за живеење здрав и активен живот, бројни Хербалајф нутритивни, протеински производи ќе го носат логото на Специјалната Олимпијада на селектирани глобални пазари. Глобалната фитнес единица е меѓународно тело составено од фитнес експерти и спортисти кои соработуваат за да ги подобрат перформансите и здравјето на спортистите на Специјалната Олимпијада, во текот на фитнес подготовките.
„Нашата мисија е да ја доближиме здравата исхрана до луѓето низ целиот свет и да дадеме поддршка за оние што тежнеат кон прифаќање на здравиот, активен начин на живот“, рече Мајкл О. Џонсон, Генералниот извршен директор на Хербалајф. „Нашата глобална Хербалајф заедница е инспирирана од Специјалната Олимпијада и нејзините неверојатни спортисти, и ние сме горди што ги обезбедуваме со исхрана и фитнес ресурси".
На Специјалната Олимпијада на Светските игри во 2015 година во Лос Анџелес, членовите и вработените на Хербалајф, великодушно спонзорираа околу 10 проценти од спортистите на Специјалната Олимпијада кои се натпреваруваа на Светските игри. Покрај тоа, Хербалајф донираше 280.000 нутритивни барови како и користењето на нивните објекти за регистрација и сертификација на илјадници спортисти, тренери и волонтери.
За да дознаете повеќе за Специјалната Олимпијада, Светските игри и можностите за волонтерство посетете ја страната www.specialolympics.org/Sponsors/Herbalife.aspx
За Herbalife:
Хербалајф e глобална нутриционистичка компанија што на луѓето им го менува животот од 1980 година со одличните производи. Нашите нутриционистички производи, производи за регулирање на тежината, за енергија и фитнес и за лична нега им се достапни исклучиво на и преку посветените независни Хербалајф дистрибутери во повеќе од 90 земји. Посветени сме на борбата против лошата исхрана и прекумерната тежина на светско ниво со тоа што нудиме висококвалитетни производи, со обука „еден на еден“ со член на Хербалајф и заедница што ги инспирира потрошувачите да водат здрав и активен начин на живот.
Компанијата Хербалајф ја поддржува Herbalife Family Foundation – HFF (Хербалајф семејна фондација) и нејзината програма Casa Herbalife (Куќа Хербалајф), која помага кон обезбедување на добра исхрана за децата кои имаат потреба од тоа. Исто така, спонзорираме повеќе од 190 одлични атлети, тимови и настани низ светот, вклучувајќи ги и Кристијано Роналдо, тимот ЛА Галакси, како и шампиони во многу други спортови.
Компанијата има над 8.000 вработени во светот и со нејзините акции се тргува на Берзата во Њујорк (NYSE: HLF) со нето продажба од 4,5 милијарди УСД во 2015 година. За да дознаете повеќе посетете го Herbalife.com или IAmHerbalife.com. Интернет страната на Хербалајф содржи бројни финансиски и други информации за компанијата на ir.Herbalife.com. Компанијата ги поттикнува инвеститорите повремено да ја посетат нивната интернат страна, за достапноста до нови и апдејтирани информации. За да дознаете повеќе посетете го Herbalife.com или IAmHerbalife.com.
За Специјалната Олимпијада:
Специјалната Олимпијада е глобално движење кое го ослободува човековиот дух преку трансформирачката моќ и радост на спортот, секој ден низ целиот свет. Ние ги поттикнуваме луѓето со интелектуална попреченост да бидат прифатени и ценети членови на нивните заедници, што води кон поинклузивно општество со поголема почит за сите. Употребувајќи го спортот како катализатор и планирање во поглед на здравјето и образованието, Специјалната Олимпијада се бори против неактивноста, неправдата и нетолеранцијата. Основана во 1968 година од Јунис Кенеди Шривер, движењето на Специјалната Олимпијада поддржува 32 типови на спортови и повеќе од 108.000 игри и натпревари во текот на целата година. За повеќе информации, посетете ја страната specialolympics.org/
Следете нè на:
Twitter@specialolympics,fb.com/specialolympics,youtube.com/specialolympicshq,instagram.com/specialolympics иspecialolympicsblog.wordpress.com.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




