Херојот од Лас Вегас ги врати клучевите од украдениот камион
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Поранешниот маринец Тејлор Винстон кој во Ирак служел како поручник доби порака од сопственикот на камионот кој тој мораше да го украде за време на страшниот масакр пред хотелот Менделеј Беј во Лас Вегас.
Поручникот Винстон успеал да најде празен паркиран камион со клучеви и го украл за да пренесува тешко ранети луѓе кои го следеа кантри концертот. Врз нив пукаше Стивен Падок кој уби 59 лица, а беа ранети најмалку 500. Сега, сопственикот на камионот по три дена се јави и само си ги побара назад клучевите. На Винстон му порачал дека сега се е позади нив, па нема да покрене тужба за кражба.
Ветеранот од ирачката војна посочи за медиумите дека неговата обука му помогнала да остане прибран за време на страшното пукање и затоа побрзал да им помогне на критично ранетите за кои не е сигурен дека сите преживеале.