ХИБРИДНИОТ НАПАД ГИ ЗАГРОЗУВА ВИТАЛНИТЕ ТОЧКИ ВО ДРЖАВАТА: Тошковски тврди дека на повеќе полиња се случува тоа
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 12:55
Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста.
Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, Тошковски, само кратко одговори „да, имаме“, без да даде повеќе детали.
-Хибридни закани е поим што многу често се користи во рамки на научна мисла и во рамки на праксата, особено од страна на безбедносни служби. Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме. Тоа го гледа македонскиот народ, тоа го гледате Вие новинарите, тоа го гледаат и институциите. Дали постапуваме? Постапуваме. Дали можам дополнително да изнесам информации во јавност во овој момент? Не, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција - најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.
Прашан дали е утврдено кои се центрите на моќ кои стојат зад пожарите, Тошковски вели дека повеќе детали во овој момент не може да сподели.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




