Хипотекарен кредит на УНИ Банка со фиксна камата од 6,9%
Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013 12:13
„Ова е мошне атрактивен хипотекарен кредит за физички лица кој претставува поволна алтернатива за сите клиенти кои сакаат да ги рефинансираат постоечките обврски за рати по кредити и кредитни картички и да ги заменат со една релаксирана месечна рата“ се вели во соопштението од банката.Како што информираат од УНИБанка, со овој кредит, исто така, клиентите имаат можност да ги задоволат и своите потреби за реновирање на домот, купување автомобил, да ги организираат своите семејни веселби, да го платат школувањето на своите деца или пак по сопствена потреба и желба да искористат дел од средствата за други тековни потреби.
„На почетокот на 2013 година, во сегментот на кредитирање на население, УНИБанка пласира екстра поволен хипотекарен кредит, со особено ниска и фиксна каматна стапка од 6,9% на годишно ниво. Со тоа, на сите постоечки и потенцијални клиенти им овозможуваме ценовно достапен кредит и поголема сигурност за брзо и едноставно консолидирање на задолжувањата, но и за остварување на нивните тековни планови”, вели Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.Наменет е за сите граѓани, кои својата плата ја примаат во УНИБанка. Клиентите кои ја примале платата во друга банка во моментот на одобрување на кредитот, имаат можност да ја добијат поволната каматна стапка од 6,9% за првата година на отплата, доколку во времетраење на промотивниот период ја пренасочат својата плата во УНИБанка. Промотивниот период ќе трае од 01 февруари до 01 мај 2013 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





