19 Декември, 2025
0.0496

Холанѓанец со ампутирана нога преплива 18 километри од Охридското езеро

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 07:27

Добивај вести на Viber

Средовечен Холанѓанец, кој со својата сопруга често го посетува Охрид, сака да учестува на Охридскиот пливачки маратон откако со ампутирана нога исплива 18 километри од Охридското езеро, објави Гласот на Америка.

Корнелис Сгравема од Холандија, успеа да направи вистински подвиг, откако без една нога, каде има вградено вештачка протеза, преплива од „Свети Наум“ до хотелот „Гранит“ за пет часа и 15 минути, без поголеми проблеми.

Корнелис, на кого лани му била ампутирана десната нога, вели дека пливањето му претставува задоволство.

Вели дека Охридското Езеро е вистинскиот избор за лица со хендикеп.

„Зошто ме инспирира Охридското Езеро? Затоа што водата е многу свежа и чиста, и имате чувство дека сте жив. Водата е многу убава, и во не ане само што може да се плива, туку може и да се пие“, рече Корнелис.

Тој, за Гласот на Америка, откри дека негова желба е да настапи на 30 километри долгиот Охридски пливачки маратон, кој ќе се одржи на крајот на август.

„Она што ме мотивираше е убавата околина. Но, кога слушнав за маратонот се инспирирав уште повеќе, бидејќи сакам да им покажам на луѓето дека лицата со хендикеп можат да пливат исто како и останатите. Луѓето мислат дека не можам тоа да го направам, но, кога успеав се воодушевија. Најтешиот дел е да им покажеш на луѓето дека се е можно“, раскажува Корнелис.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните