Холивудски актер како диџеј доаѓа во Скопје
Објавено во: Свет, Стил 01 Февруари, 2016
Познатиот актер Елајџа Вуд, кој го играше главниот лик на Фродо Багинс во познатата триологија „Господар на прстените" доаѓа во Скопје, но во поинаква улога.
Тој ќе настапи како диџеј на шестото издание на фестивалот „Здраво млади".
Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи во рамки на фестивалот што го организира Младинскиот културен центар во Скопје.
Неговиот настап заедно со Зак Коуви е најавен за 4 јуни.
Двајцата се познаци под името „Вуден виздом“ кое пушта класични фанк-соул теми, стилови на музика од 80тите и меланхолични стари инструментали.
Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година. Придружба ќе им биде DJ Fitz, кој ќе пушта психоделична музика.