ХОСПИТАЛИЗАЦИИТЕ ПОРАДИ БРЗОТО ШИРЕЊЕ НА ОМИКРОН ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ: СЗО предупредува дека варијантата е присутна во 57 земји
Објавено во: Свет 10 Декември, 2021
КОВАКС-глобалната
мрежа за распределба на вакцините
против корона вирусот има потреба од нови правила на долг рок за да се спречи натрупување на големи количества вакцини од страна на богатите
земји, изјави денеска Брус Ајволд,
висок советник на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Ројтерс.
-Ковакс-механизмот, кој е ко-воден од СЗО и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), потфрли бидејќи земјите со високи приходи ја користат куповната моќ за да го насочат протокот на вакцини кон нив, додека земјите-производители имаат приоритет на домашната дистрибуција, изјави Ајлворд, поптенцирајќи дека „не можете да вакцинирате еден дел од светот, а потоа да ги натерате земјите со ниски приходи да чекаат“, изјави тој за медиумите на маргините на состаноците на Г-20 на индонезискиот остров Бали.
Ајлворд ги повика производителите на вакцини да бидат потранспарентни.
„Производителите треба да кажат колку вакцини ќе одат кај кого и кога. Ако ги немаме тие информации, не можеме да планираме правилно“, рече тој.
Во средата, СЗО рече дека хоспитализациите предизвикани од високо заразната варијанта на Омикрон, откриена во 57 нации, најверојатно ќе се зголемат поради брзото ширење.
„Многу луѓе рекоа Омикрон не предизвикува многу смртни случаи. Ние не го знаеме тоа“, рече Ајлвард. „Тоа е многу нов вирус, нема многу секвенционирања, за да ја знаеме сериозноста на оваа болест“.