16 Мај, 2024
0.0252

„Хотели Метропол“ е финансиски кластер! Прочитајте колкава е корона-загубата?

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемата охридска хотелиерска компанија прими страшен удар од пандемијата што ја предизвика COVID 19. Во вториот квартал приходите изнесувале само 11.000 евра, а оперативната загуба е 319.000 евра. Во кварталот во кој требаше да си дојде насебе , по зимските месеци, и да ја закопа дупката (финанска) хотелската компанија пропадна во двојно подлабока финансиска јама

Корона вирусот ја разори најголемата охридска хотелиерско-угостителска компанија „Хотели Метропол“ во вториот квартал годинава. Резултатот е стравичен и е реален одраз на тоа какво е разорното влијание на овој пандемски вирус врз најпогодените економски сектори.

„Хотели Метропол“ во вториот квартал книжи приход од само 11.000 евра, а истовремено оперативните расходи изнесуваат 347.000 евра. Загубата на друштвото кое управува со три охридски хотели во овој квартал (април – јуни) изнесува 319.000 евра. Најголем катализатор на големата загуба се трошоците за вработените кои во вториот квартал изнесуваат 183.000 евра и во оперативните трошоци учествуваат со 53 отсто.

Корона вирусот удри без најава. Вонредната состојба резултираше со низа мерки кои најмногу ја погодија хотелиерската и транспортната дејност. Во такви услови кои хотелите не смееја да работат, а и да беа отворени ќе беше исто, менаџментот на најголемото хотелиерско друштво и не можеше да направи кој знае што. Оперативните расходи во вториот квартал се значајно скратени , но сепак се преголеми. Тие иако за 108.000 евра пониски од трошоците во првиот квартал, но сепак изнесуваат 347.000 евра.  

Во првото полугодие најголемата хотелиерска компанија на охридската ривиера е во загуба од 637.000 евра. Приходите од продажба за првите шест месеци изнесуваат само 143.000 евра и во споредба со истиот период лани (кога биле 1,1 милиони евра н.з.) се пониски за 935.000 евра.


А како тргна годинава „Метропол“?

Подобро од лани. Приходите од продажба во најтешкиот квартал (јануари-март) достигнаа 132.000 евра што дури е подобар резултат за 4 отсто од 2019 година. Компанијата заврши со загуба од 337.500 евра што е подобар резултат од истиот период лани.
Но тогаш дојде короната. Трошоците за вработените во вториот квартал се 183.000 евра, а вкупните оперативни трошоци изнесуваат 347.000 евра. Оперативната загуба за вториот квартал е 319.000 евра. Агрегатната загуба за првото полугодие изнесува 637.000 евра.

И како поддршка и стимулација стигнаа владините ваучери и мерките за поддршка. Охрид , силум прилика, е преполн со домашни туристи. Веруваме дека тоа позитивно ќе се одрази на сите хотелско – угостителски компании. Ако ништо друго барем некако да дојдат до позитивна нула која „ќе им држи влага“ во тмурните зимски денови.

Хотелската група „Метропол“ во својот состав ги има трите хотели „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ и вработува околу 130 лица и е најдобар работодавач на охридската ривиера зашто лани даваше просечна бруто месечна плата чиј износ надминува 500 евра.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно