05 Декември, 2025
0.1679

„Хотели Метропол“ со добивка од 536 илјади евра лани

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Хотелската групација „Хотели Метропол“ минатата година ја заврши со нето добивка од 32,97 милиони денари или 536 илјади евра, што претставува раст, споредено со загубата од 10,25 милиони денари или 167 илјади евра во 2011 година. Според информациите на компанијата објавени на Македонската берза, вкупните приходи на хотелската групација лани изнесувале 168,7 милиони денари, а вкупните расходи 135,5 милиони денари, а продажбата на компанијата е зголемена за 21,2 % споредено со 2011 година. Според предлог-одлуките, што ќе му бидат доставени на акционерското собрание на одлучување, предвидена е исплата на дивиденда од добивката за 2012 во износ од три милиони денари и акумулирана нераспределена добивка до 2008 година во износ од 19,66 милиони денари. Бруто дивиденда по акција ќе биде 21,9 денари. „Метропол“, сопственик на три хотели на брегот на Oхридското езеро: „Метропол,“ „Белви“ и „Турист“. „Фершпед“, пак, е мнозински сопственик на „Хотели Метропол“ и поседува 73,5% од акциите, откако откупи дополнителен удел од 7,63% од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на почетокот од декември лани.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје