17 Декември, 2025
0.0370

ХОТЕЛИЕРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ИГРА, КОВИД КРИЗАТА ВЕЌЕ НЕ Е ЗАКАНА - „Македонија турист“ со добивка и за 306 отсто зголемени приходи

Објавено во: Економија 30 Јули, 2022 10:05

Добивај вести на Viber

Хотелиерите се враќаат во игра. По ланските загуби, во првото полугодие од годинава почнуваат да работат со добивки, односно позитивен финансиски резултат.

Со резултати излезе Македонја турист, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран и Бристол, каде може да се види дека во првото полугодие остварила добивка, од 26,9 милиони денари, или 437 милиони евра, наспроти ланската загуба од 21,9 милиони денари. 

„Друштвото во шесте месеци од 2022 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат односно добивка од 26,96 мил. денари. Вкупните приходи за шесте месеци од 2022 год. изнесуваат 139,34 милилиони денари и се зголемени за 306 отсто додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 297 отсто во однос на истиот период минатата 2021 година. Вкупните трошоци и расходи од работењето за шесте месеци од 2022 год. изнесуваат 112,38 мил. денари и се зголемени за 67 отсто во однос на 2021 година. Финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво“, се вели во образложението. 

Според Одлуките на Управниот Одбор од 04.03.2022 со деловна активност започна целосно реновираниот Хотел Холидеј Ин, додека пак од 08.04.2022 година со деловна активнсот започна Хотел Карпош. 

„Имајќи предвид дека со деловна активност започна најголемиот хотелски капацитет на Друштвото, се очекува во наредниот период од деловната 2022 година, Друштвото да оствари подобар финансиски резултат од својата главна деловна активност“, велат од Македонија Турист. 

„Македонијатурист“ АД Скопје во текот на шесте месеци од 2022 година изврши нови вложувања во износ од 30.270.788 денари од кои во најголем дел се однесуваат на веќе започнатата инвестициска активност за комплетно реновирање и санација на Хотелот Холидеј Ин, додека пак останатите вложувања се однесуваат на инвестициски активности за модернизација на Хотел “Белви”. 

И Интернешенел хотелс, газди на Континентал, оствариле добивка во првото полугодие. 

Во  2022 година Друштвото оствари вкупни приходи од 42,34милиони денари кои се зголемени во однос на исптиот период во 2021 година, а вкупните трошоци изнесуваат 39,829 милиони денари. Остварен е позитивен  финансиски резултат во износ од 2,516 милиони денари. Остварени се 16.765 ноќевања. Деловните активности на Друштвото во  2022 година беа зголемени споредбено со истиот период  минатата година. Со оглед на тоа дека глобалната здравствена пандемијасе стабилизира, со олабавување на мерките и отварање на границите, друштвото во првото  полугодие продолжи со редовно извршување на  својата дејност. Во наредниот период  Друштвото ќе настојува да ги намали финасиските трошоци предизвикани ценовниот пораст на енергенси, храна , услуги кои директно влијаат на зголемување на фиксните расходи“, се вели во Образложението од компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас