17 Декември, 2025
0.0428

Хотелиерството, минералните суровини и земјоделството најинтересини за украинските бизнисмени

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2013 13:15

Добивај вести на Viber

Претставници на Сојузот на стопански комори синоќа имале средба со стопанствениците од Стопанската комора на Украина, при што оствариле контакти со македонски компании од различни стопански дејности, како градежништво, метало преработувачка индустрија, туризам, земјоделство како и производство на вино и вода. - Главни сектори на интерес се земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавија интерес и за инвестиции во секторот енергетика. Поконкретно по примерот на Русите во Црна Гора, сакаат да градат луксузни хотели, токму затоа денес и планираат посета во Охрид. Во секторот земјоделство се заинтересирани особено за откуп на македонски земјоделски производи од  дистрибутивните центри и извоз не само во Украина и Русија, туку и во други делови на Европа. Условите за инвестиции во индустриските зони им изгледаат доста поволни. Украинските компании планираат од Македонија да извезуваат и финални производи од руда., се вели во денешното соопштение од ССК. На средбата претседателите на Украинската стопанска комора и на претседателот на Сојузот на стопански комори Генади Чижиков и Златко Калеников потпишаа Меморандум за соработка.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје