05 Декември, 2025
0.1918

ХРАНАТА ШТО СМЕ ЈА ПРОИЗВЕЛЕ ТРЕБА ДА ИМА КОМУ ДА ЈА ПРОДАДЕМЕ: Земјоделците чувствуваат последици oд иселувањето

Објавено во: Македонија, Агробизнис 12 Септември, 2024 07:39

Добивај вести на Viber

Дека има помалку народ во државата и дека иселувањето не запира, чувствуваат и земјоделците кои редовно одат на пазарите. Тие велат дека за разлика од порано, кога брзо успевале да ги продадат производите, сега има денови кога тешко им оди. Објаснуваат дека структурата на населението се менува, ама и навиките. Во градовите има помалку млади луѓе за разлика од порано, и сметаат дека младите генерации денес поретко прават зимници. Пензионерите пак се со скромни примања и го купуваат најосновното.

„Продавам зеленчук од 2001 година досега. Ако тогаш до 9 часот успевав да продадам 100 или 120 килограми пиперки, сега се мачам да продадам 60 килограми. Посебно кога се во ек одморите, се чувствува дека нема народ“, вели земјоделка од кумановско.

Во сите краеви на Македонија истиот проблем е видлив.

„Нормално дека ако нема народ, не се троши ништо. Се трошеше брзо порано, а  сега не купува никој, не зема никој. Луѓето гледаат да бегаат во странство. И уште повеќе ќе замира земјоделството за неколку години. И трговците не земаат многу. Нема пласман. Нема каде да се продаде“, вели Васко Николовски, земјоделец од Радобор.

Ако проценат дека не можат сами да продадат поголеми количини, земјоделците го продаваат зеленчукот на трговците. Но, има и земјоделци кои велат дека за квалитетните производи купувачи секогаш ќе се најдат.

„Се чувствува дека има помалку народ, и производство има помалку, ама и народ помалку. Сепак, добра роба не останува. Секој сака квалитетно да си купи. Секој си има свое мислење“, додава Мите Петров, земјоделец од струмичко.

Последниве неколку години, земјоделците велат дека потешко им оди со продажба на произведената храна.

„Беше подобро, сега оди потешко, последниве пет-шест години“, вели земјоделец од битолско кој продава везен пипер.

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2023 година се намалило производството на домати, краставици, сончоглед. Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51.2  отсто, кај крушите за 41.2 отсто, кај сливите за 46.1 отсто и кај праските за 50 отсто.  Но, и пописот на населението од 2021 година покажа дека има намалување на населението во повеќето општини. За 20 години Македонија е со 185.000 граѓани помалку.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво