ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, како поминаа граница?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Август, 2020
Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за луѓето кои патуваа со Визер кон Финска, а биле позитивни.
Прашува дали ова ли е ситуација под контрола.
„Како поминаа граница? Како поминаа на аеродром“, прашува Мицкоски.
Вели дека поради ваквите состојби, македонските граѓани се во кафез.
„Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме“, вели Мицкоски.
Ова го потврди надлежната министерката за семејни работи и за социјалните услуги Криста Кијуру, откако властите дозволија летови од Скопје и од Букурешт, но потоа забележително се зголеми бројот на нови случа и на Ковид-19 во скандинавската земја.
Со коментар „Епидемијата е на Балканот“ Кијуру најави дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници, доколку можат, дека треба да бидат подложени на задолжителен тест за коронавирус по нивното пристигнување во Финска.
По случајот со авионот на Визер кој од Скопје слета во финскиот град Турку при што од 157-те патници, 24 биле позитивни на корона вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче за Фактор потврди дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе дискутираат за воведување мерка, задолжителни ПЦР тестови да имаат и граѓаните кои само транзитираат низ Македонија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.