Добивај вести на Viber
Од јануари до септември Хрватската радиотелевизија оствраи нето добивка од 73,9 милиони куни (9,7 милиони евра), соопшти ХРТ.
Добрите финансиски резултати се последница на рестриктивната политика и штедењето во сите сегменти на работењето, наведуваат од хрватскиот јавен сервис.
ХРТ заклучно со септември оствари вкупен приход од 1,02 милијарди куни, што поради тешката ситуација во рекламирањето е 1,9 отсто помалку во однос на истиот период од 2012 година.
Вкупните расходи за деветте месеци во однос на лани од годинава изнесуваат 953,9 милиони куни и се намалени за 7,1 проценти.
ХРТ има 3.339 вработени луѓе и постои тренд за намалување на нивниот број.