Хрват со над 60 килограми марихуана фатен на Блаце - Ќе ја продавал во Германија
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017 12:34
Хрватски државјанин е фатен на граничниот премин Блаце со 68 килограми марихуана која ја набавил од Албанија со цел да ја пренесе во Германија за што би добил висока парична награда. Тој бил сопрен од царинската контрола и откако кажал дека нема што да пријави бил избран за преглед.
Тогаш со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, во комбето е пронајден специјално направен бункер. Во него биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.
Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




