Хрватка ги откри месечните трошоци на нејзиното тричлено семејство - коментарите ги „запалија“ мрежите
Објавено во: Економија 03 Ноември, 2025 19:43
Трошоците за живот во Хрватска со години привлекуваат внимание и дебата меѓу граѓаните. Од сметки за храна и комуналии, до трошоците за школување и превоз, до оние „скриени“ трошоци кои често не се споменуваат, животните финансии се извор на стрес и неизвесност за многумина. Една Хрватка одлучи отворено и детално да сподели како нејзиното семејство ги распределува месечните трошоци, наведувајќи ја секоја ставка.
Објавата поттикна лавина од коментари, бидејќи некои луѓе беа шокирани од начинот на кој нејзиното семејство одлучи да троши, додека други истовремено ги препознаа своите финансиски навики.
Колкави се вашите месечни трошоци? Ние двајца и едно дете трошиме над 3.000 евра месечно за просечен живот. Еве како изгледа по категории за овој месец:
кредит за стан 750 евра
кредит за автомобил 400 евра,
храна 700 евра,
пелени DM и органска храна за бебиња 400 евра,
домашна мачка 150 евра,
приватен преглед и разни дермо козметички производи 200 евра,
обновување на гардеробата за зима 300 евра,
подароци за родендени 200 евра,
режиски трошоци и гориво, тоа се уште 150 до 200 евра, што и да е.
Дали сме луди и неумерени или е исто и за вас? Како можеме да заштедиме, а како штедите вие? - напиша жена на Reddit.
Многу луѓе оценија дека премногу се расфрла, дека претерува или едноставно има високс стандард, заработуваат добро и трошат.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




