16 Декември, 2025
0.1205

Хрватска пофалена за одлуката за задолжителна вакцинација

Објавено во: Балкан 29 Март, 2014 18:59

Добивај вести на Viber

Американски медиуми ја фалат одлуката на хрватскиот Уставен суд кој ја отфрли иницијативата за неуставност на задолжителната вакцинација. „Со одлуката дека сите деца мора да бидат вакцинирани, Хрватска постави глобален интелигентен стандард во јавното здравство, втемелен на докази“, пишува американскиот новинар Кент Сепковиц. Тој оценува дека со ваква одлука Хрватска отишла чекор понапред од САД и многу други европски земји во областа на јавното здравство. „Да, Хрватска, домот на Јосип Броз Тито и дел од Титова Југославија до 1991 година, земјата која зазема 84 место во светот со БДП од 78 милијарди долари и број на население од 4,5 милиони жители, земјата која неодамна и се приклучи на Европската унија, токму таа Хрватска стана глобален пример за поставување на ителигенен систем на јавно здравство“, пишува Сепковиц. Тој додава дека хрваскиот пример треба да го следат сите земји кои бараат аргументи за фактот дека „вакцината штеди пари, но и животи“. Хрватскиот Уставен суд ја отфрли иницијативата на родители и невладини организации кои бараа да се прогласи за неуставна задолжителната вакцинација, токму презентирајќи го примерот на САД и други европски земји. Судиите оценија дека „правото на детето на здрав живот е посилно од правото на родителот да избира дали ќе го вакцинира своето дете“. Слична иницијатива е поднесена и пред македонскиот Уставен суд, каде што родители бараат укинување на задолжителната вакцинација и можност да изберат дали ќе го вакцинираат своето дете. Родителите се сомневаат дека здравствените власти неодамна намерно прогласиле епидемија на морбили за да се убедат граѓаните оти вакцинацијата е неопходна.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени