17 Декември, 2025
0.2979

Хрватска во ЕУ ќе го зголеми извозот на македоското вино

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2013 14:15

Добивај вести на Viber

Позитивен ефект од членството на Хрватска во ЕУ очекуваат македонските производители на вино. Извозот, посебно на вино во шише,  кое е доста популарно на овој традиционален пазар повеќе нема да биде ограничен. „До оваа година за вината од Македонија, Хрватска имаше свои квоти кои не беа доволни за наше позначајно присуство на тамошниот пазар. Извозот над овие квоти беше дополнително финансиски оптоварен што влијаеше на зголемување на крајната малопродажна цена на нашите вина, што нè правеше помалку конкурентни. Со влезот на Хрватска во ЕУ, добиваме можност за зголемување на извозот, бидејќи националните квоти се укинуваат, а ќе важат ЕУ - квотите кои се многу поголеми “ вели за Дојче Веле Марија Митева, директор на винаријата Сковин. Согласно договорот со ЦЕФТА од 2006 година, бесцаринската квота за извоз на вино во Хрватска изнесуваше 6,7 милиони литри. Овие квоти од 1 јули повеќе нема да важат за Хрватска, но барем засега нема ни да се додадат на оние што важат на ниво на ЕУ. Извозниците се надеваат дека наскоро и тоа ќе се промени. Од винарниците очекуваат проблем на почетокот да има само за наливното вино, поради фактот што со влегувањето на Хрватска во ЕУ бесцаринската квота останува иста. Хрватскиот пазар во последниве години станува се‘ позначаен за македонските винарии, кои по кризата полека се консолидираат и се позиционираат не само на традиционалниот европски пазар, туку и на далечниот исток. Но, сепак Европската Унија останува најзначаен партнер за македонското вино, посебно пазарите во Германија, Чешка и Словачка.  

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје