ХРВАТСКИ МАРКЕТ ДОБИ ВИСОКА КАЗНА: Продавале сок штетен по здравјето, сега треба да платат 2.400 евра!

Објавено во: Економија 13 Април, 2024 18:44
Познат хрватски трговски ланец е прогласен за виновен и казнет поради продажба на храна штетна по здравјето на луѓето.
Во овонеделната пресуда во која се вели дека санитарната инспекција во Копривница извршила увид во супермаркетот „Плодина“ и нивниот магацин и утврдила дека „пуштиле во промет нездрава храна, односно храна штетна по здравјето на луѓето“, пренесуваат медиумите од соседството.
Станува збор за сокот „Fruity Sensation 100% apple, 1L, најдобро користен од: 11.01.2025 година, L1934G1, Продаден во Република Хрватска: Plodine“.
Официјална анализа на сок од јаболко во овластена лабораторија на Институтот за јавно здравје Др. Андрија Штампар, лани во јуни била пронајдена поголема количина на патулин од дозволеното.
Инаку, патулинот е многу честа состојка во природните сокови од јаболка.
„Плодин пласираше на пазарот нездрава храна која содржи загадувачи кои ги надминуваат максимално дозволените количества според прописите со кои се уредува областа на загадувачите“, се вели во пресудата.
Плодин е казнет со 2.400 евра, а одговорното лице во компанијата мора да плати 600 евра казна. Треба да платат и по 30 евра прекршочни трошоци. Пресудата е правосилна.
Патулинот е еден од микотоксините и се произведува од одредени видови мувла. Докажано е дека е токсичен за многу живи организми, а симптомите на акутна токсичност се агитација, во некои случаи грчеви, отежнато дишење, конгестија на белите дробови, едем и улцерација, хиперемија и дистензија на гастроинтестиналниот тракт.
Во случај на субакутна и субхронична токсичност, најчести симптоми се нарушувања во гастроинтестиналниот тракт со улцерации, надуеност и крварење, а при високи дози и промени во функцијата на бубрезите, истакнуваат од Хрватската агенција за храна.
Можеби ќе ве интересира
ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“
