19 Декември, 2025
0.0433

Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2019 16:24

Добивај вести на Viber

Huawei вчера го претстави својот нов паметен телефон P Smart 2019, кој е веќе достапен и во Македонија. Новиот телефон беше промовиран на специјален настан на кој присуствуваа претставници на медиуми за технологија, бизнис и забава, заедно со популарните гејмери и блогери.

Со демонстрации и интерактивна дискусија, беше нагласена важноста на дизајнот, особено на бојата Aurora Blue, и големиот дисплеј со FullView од 6,21 инчи кој е 11% поголем од неговиот претходник P Smart 2018, и има способност да покаже 15% повеќе бои. Тој го поседува сертификатот TÜV Rheinland за заштита на видот, бидејќи ја намалува штетната сина светлина. Компактното 3D овално тело со керамички слој ја дополнува дизајнерската визија за моделот.

P Smart 2019 исто така се покажа одличен во една од најдобрите области на брендот -  мобилната фотографија. Телефонот има висококвалитетна камера со двојна слика (13MP + 2MP) која има способност да препознае 22 категории на слики во над 500 сцени, при што се користени повеќе од 100 милиони фотографии за да се подобри оваа функција. Камерата исто така нуди подобрен уметнички Bokeh ефект кој корисниците можат да го прилагодат по снимањето на фотографијата или видеото.

Вештачката интелигенција кај овој модел не е ограничена само на главната камера. Поларната камера со 8 мегапиксели кај P Smart 2019, исто така, има паметно препознавање на позадината и режим за убавина, а фотографирањето дури и ноќе не е проблем, благодарение на широкиот отвор за f / 1,8. Камерата P smart 2019 ќе ги фасцинира потрошувачите со уште еден сет на функции - препознавање на специфични културни атракции - згради, скулптури, слики и повеќе, информации за калориската вредност на храната што ја внесуваат, па дури и директни сугестии за онлајн шопинг.Сето ова се должи на фактот дека моделот се базира на најновата верзија на Android 9 Pie и најновиот Huawei EMUI 9 интерфејс. Корисниците можат да бидат опуштени и без разлика колку слики и видеа ќе направат, телефонот ќе има место за нив благодарение на вградената меморија од 64GB и слот за 512GB меморија.

Интерфејсот EMUI 9, во комбинација со чипсетот на Kirin 710, обезбедува одлични перформанси на паметниот телефон, кој исто така е добро решение за мобилнитe гејмери. Во тестовите на престижни лаборатории како што се Geekbench, GFXBench, AnTuTu и 3D Mark, P smart 2019 покажува од 70% до 100% повисоки перформанси од својот претходник.Покрај тоа, технологијата GPU Turbo 2.0 поддржува 5 мобилни игри, со можност за постојано додавање на нови. Последно, но не и најмалку важно, со 3400 mAh батерија, P Smart 2019 никогаш нема да ве остави без поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка