05 Декември, 2025
0.0547

И Алшар се дава под концесија? Јавен повик за геолошки истражувања на минерали во Македонија!

Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 13:15

Добивај вести на Viber

Преку јавен повик кој трае до 21-ви јануари, Владата дава на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Јавниот повик трае до 21 јануари. Распишан е за вкупно 72 локации каде ќе се вршат деталните геолошки истражувања за минерални суровини, и тоа: -36 локации за неметалични минерални суровини; -31 локација за металични минерални суровини- сектор во индустријата која е обемна и отвора многу работни места (меѓу нив и особено интересниот локалитет Мајден-односно познатиот Алшар од околината на Кавадарци, за кој постои и меѓународен интерес за истражувања и експлоатација); -4 локации за украсен камен и -една локација за геотермални води. Како што истакна владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, право на учество на овој јавен повик за геолошките истражувања имаат домашни и странски правни и физички лица и конзорциуми кои ќе ги исполнат критериумите распишани со јавниот повик. Почетната цена за добивање на концесијата е 60 000 денари, а ја добива оној кој ќе понуди највисока цена. Потоа тој има право на истражувања, а потоа и на експлоатација на најдената суровина. Интерес за дејноста има, вели Ѓорѓиев, особено кај меѓународни компании кои се заинтересирани за понудените геолошки истражувања, кој најавува развој на дејноста и отварање нови работни места, но и нов приход за општините и за државата. „Владата во изминатите три години со стратешко фокусирање, носењето на нов закон за минерални суровини, се насочи на искористувањето на минерални суровини, при што во самата дејност имаме голем развој и се постигнува континуирано зголемување на приходите.Во дејноста работат околу 2000 работници.Во 2010 година по основ на уплати за истражувања и експлоатација на минерални суровини  биле инкасирани 422 000 000 денари, од кои за општините биле 330 000 000.Во 2011 биле инкасирани 496 000 000 денари, од кои за општините 386 000 000 денари“, информираше владиниот портпарол. Исто така тој појасни во првата половина на 2012 се инкасирани околу 250 милиони денари, од кои за општините околу 200 милиони денари, а сменет е и соодносот на процентите на уплата кои одат во државниот и општинскиот буџет, и наместо претходните 60-40 за државата, сега е 78-22 за општините, и за две и пол години општините по овој основ добиле околу 12 милиони евра средства кои претходно ги немале. За дополнително уредување на оваа дејност и нејзин развој, од 1 јануари 2013 година почнува со работа и новооснованиот Геолошки завод. „Исто така во првата половина на јануари ќе биде објавен јавен повик, овој пат не за истражување па за експлоатација, туку за директна експлоатација на околу 30 ина локалитети, а финалната листа ќе биде утврдена на следната седница на Влада. Почетната цена за добивање концесија ќе биде 120 000 денари, а ќе се одвива по пат на електронска аукција што е новина во системот која ќе обезбеди транспарентност и конкурентност“, информираше Ѓорѓиев.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“